Денес 14.02.2024 година, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Заменик министерот Назим Буши остварија работна средба со aмбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Петра Дрекслер.
На средбата министерот Тошковски ја запозна амбасадорката Дрекслер за начинот на функционирање на министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое има голема улога и одговорност во спроведувањето на изборите кои ни претстојат, а во таа насока ги претстави приоритетите за остварување на заедничката цел – фер и демократски избори. Во тој контекст, министерот Тошковски истакна дека неприфаќањето од страна на Владата во рамки на поставувањето на 15 раководни работници во министерството, да постави началник на СВР Тетово, останува црна дамка која се коси со неговата улога да гарантира фер и демократски безбеден процес во тој регион на надлежност.
Воедно, министерот Тошковски ги образложи преземените мерки со цел ублажување на процедурите за вадење на лични документи, ја образложи потребата од итно носење на измени во Законот за патни исправи по примерот на оној со возачките дозволи во делот на запазување на техничките рокови со цел навремено спроведување на потребните процедури за набавка на патни исправи и секако почитување на меѓународното право и основното човеково право на слободата на движење.
На средбата, амбасадорката Дрекслер изрази загриженост за големиот број македонски државјани кои не поседуваат нови патни исправи, а кои се на привремена работа во Германија. Оваа категорија луѓе доколку одлучат да се вратат назад со цел вадење нова патна исправа и доколку не успеат навремено да ја извадат заради техничката неможност во моментов, тие не би можеле да се вратат назад во СР Германија со старата патна исправа. За ова прашање, министерот Тошковски повторно истакна дека во моментов единственото решение е носењето на измените Законот за патни исправи.
На крајот од средбата соговорниците оставија простор и за потврдување на заложбите за интензивирање на меѓусебната соработка особено во борбата со организираниот криминал, а воедно министерот Тошковски се заблагодари за досегашната соработка и големиот број донации и обуки за Министерството за внатрешни работи и посебно за граничната полиција.