Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави денеска дека САД нема да се откажат од поддршката за Украина ниту на краток ниту на долг рок.
– Ќе продолжиме силно да притискаме за да и обезбедиме на Украина и краткорочна и долгорочна поддршка, рече Остин, без експлицитно да го спомене пакетот за воена помош од 95,34 милијарди долари што чека одобрување од пратениците во Конгресот.
Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска го повика Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да го усвои „виталниот пакет воена помош за Украина“ вреден десетици милијарди долари.
Тој ги предупреди американските пратеници дека Кина ќе се охрабри ако Русија победи во војната во Украина.
– Очекувам дека Претставничкиот дом ќе се согласи да ја поддржи Украина бидејќи овој случај не е за добротворни цели. Ова е инвестиција во нашата сопствена безбедност, потенцираше Столтенберг.