Поранешниот НБА кошаркар Шакил О’Нил го нападна Канје Вест откако раперот на социјалните мрежи го прозва милијардерот Џејми Салтер.
Тие имаа конфликт и во минатото, кога Вест го доведе во прашање деловниот однос меѓу О’Нил и Салтер.
Компанијата АБГ, чиј сопственик е Салтер, ги поседува правата на името на О’Нил. Вест се огласи на социјалните мрежи и рече дека луѓето треба да се прашуваат кој всушност ги носи одлуките во компанијата, пишува „Дејли мејл“.
О’Нил возврати и му рече на контроверзниот уметник да се грижи за неговата работа. Тој дури го цитираше Вест додавајќи: „Имам повеќе пари од тебе, па зошто да те слушам“.
Вест повторно се огласи на социјалните мрежи во вторникот вечерта за да посочи дека Салтер го прекинал секој контакт со него во последните месеци. О’Нил брзо застана во одбрана на неговиот деловен партнер, сугерирајќи дека самиот Вест одбрал да не разговара со него на Супер Боул.
„Кому му е гајле, престани со овие глупости. Знам дека ме виде на Супер Боул, чекав да кажеш нешто паметно. Никој не сака да те гледа како плачеш, мало момче“, напиша Шакил О’Нил, но набрзо ја избриша објавата.