Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за Хашките случаи

од Nikola Popovski
228 прегледи

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на Автентичното толкување на член еден од Законот за амнестија, со кое се запре постапката за четирите Хашки случаи: „ВОДСТВО НА ОНА“, „ЛИПКОВСКО ЕЗЕРО“,„ГРОБНИЦА НЕПРОШТЕНО“ и „МАВРОВСКИ РАБОТНИЦИ“.

Инаку по Автентичното толкување, се запре постапката за четирите Хашки предмети, а од Демократски сојуз цитирааат:

„Се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор лица за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година.“

Според партијата ДС, ова толкување е спротивно на Уставот и Кривичниот законик, како и Женевските конвенции, со кои е дефинирано дека злосторствата против цивилите не застаруваат.

-Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата и да донесе одлука за отстранување на правните пречки за продолжување на постапката по четирите Хашки случаи.

На денешната прес-конференција, меѓу другото, Павле Трајанов изјави: „БЕЗ СИЛНА И ЦВРСТА ОСУДА НА ЗЛОСТОРСТВАТА ОД МИНАТОТО НЕ МОЖЕ ДА ГРАДИМЕ МИРНА И ДЕМОКРАТСКА ИДНИНА“, стои во соопштението на ДС.

Слични содржини