Поминаа само неколку месеци откако Tesla почна да го испорачува својот долгоочекуван Cybertruck на клиентите и се појавија првите проблеми со рѓосување на панелите од нерѓосувачки челик.
Форумот Cybertruck Owners Club ги собира сопствениците на овој електричен пик-ап, а еден од нив ја започна темата за ‘рѓа, приложувајќи фотографии. Тој вели дека почнал да забележува мали портокалови дамки откако го возел Cybertruck на дожд само два дена, пишува Futurism.
Сопственикот на Cybertruck објави дополнителни фотографии по миењето на возилото, а се гледаат и каросеријата со мали точки на корозија, пишува „HAK“.
– Сервисот ја документираше корозијата и ми рекоа дека ќе ми се јават следниот месец кога ќе пристигнат алатите и кога ќе можат да го извршат сервисот/поправката – напишал корисникот откако го однел возилото на локална сервисна станица.
– Cybertruck има 381 милји (613 km) и поголемиот дел од времето, во првите 11 дена, го поминуваше паркирано пред мојата куќа, додава тој.
Треба да се напомене дека Tesla ја споменува можноста за корозија во упатството за употреба.
– За да се спречи оштетување на надворешноста на каросеријата, веднаш отстранете ги корозивните материи како маснотии, масло, измет од птици, смола од дрвја, мртви инсекти, дамки од катран, сол на патот, индустриски отпад и слично, се вели во документацијата на компанијата.
Сопствениците на камионетот добиваат инструкции да ги отстранат дамките од маснотии со вода и благ сапун без детергент. Неколку други сопственици на пикапи на Tesla пријавиле слични проблеми.