Талибанците поставија неприфатливи услови за присуство на состанокот за Авганистан под покровителство на Обединетите нации, изјави денес генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.
По дводневната средба во Катар, тој рече дека меѓу барањата на талибанците е исклучување на членовите на авганистанското граѓанско општество од преговорите во Доха и третман што претставува официјално признавање на Талибанците како легитимни власти во Авганистан.
„Добив писмо (од Талибанците) со низа услови за присуство на оваа средба кои не беа прифатливи“, рече генералниот секретар на ОН на прес-конференција.