Хоџсон го напушти Кристал Палас, Гласнер ќе го замени

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Рој Хоџсон повеќе не е менаџер на Кристал Палас. Одлуката беше очекувана, но денеска и официјално беше соопштена од клубот.

76-годишниот стручњак има здравствени проблеми, откако минатиот четврток му се слошило на тренинг и бил примен во болница.

Од клубот потврдија дека тој ја напуштил медицинската установа и се чувствува добро.

„Орлите“ загубија 10 од последните 16 лигашки натпревари и се на 16-то место, пет бода над зоната за испаѓање. Ова е причината зошто Хоџсон си замина од тимот.

Кристал Палас објави дека се блиску до назначување на нов менаџер. Според англиските медиуми, тоа ќе биде Оливер Гласнер.

Слични содржини