Американскиот стручњак Жак Вон повеќе не е тренер на кошаркарите на Бруклин Нетс, објавено е на официјалниот сајт на НБА клубот.
„Бруклин Нетс го ослободи Вон од должностите како главен тренер на тимот. Во блиска иднина ќе биде назначен и привремен тренер на тимот“, беше накратко објавено на клупската веб-страница.
Тој загуби од Бостон со 50 разлика (136:86) непосредно пред паузата за Ол Стар.
Вон (49) во клубот е од 2016 година, најпрвин како помошен тренер, а од 2020 година е и прв тренер на тимот. Пред Бруклин, тој самостојно го водеше Орландо од 2012 до 2015 година.
Замената на Вон дојде по серијата лоши резултати на тимот и само една победа во претходните шест натпревари. Бруклин моментално има скор 21-33, три победи зад Атланта, последниот тим кој обезбедува место во плејофот во Источната конференција.