Активистот за човекови права Осечкин: Алексеј Навални е убиен „со удар во срцето“

од Radmila Tasevska
190 прегледи

Алексеј Навални веројатно е убиен со удар во срцето, техника што некогаш ја користеле разузнавачите во Советскиот Сојуз, рече Владимир Осечкин.

Владимир Осечкин, основач на групата за човекови права Гулаг.нет, која добива информации од широка мрежа руски затвореници и официјални лица, изјави за „Тајмс“ дека верува оти руските власти го држеле телото на Навални на студ пред да го убијат „со удар. “.

Осечкин се повика на коментарите на еден човек кој работел во казнената колонија на Арктичкиот круг каде почина Навални, кој рекол дека тој имал модринки по телото кога умрел, што обично е случај кај убиство со техника „еден удар“.

Тимот на Алексеј Навални не ги коментираше тврдењата, а неговата сопруга Јулија Навални рече дека верува дека нејзиниот сопруг бил отруен со Новичок. Извештаите за модринки на неговото тело исто така остануваат непроверени.

Градскиот суд во Салехард, градот во кој се наоѓа телото на Алексеј Навални наводно пренесено по неговата смрт, соопшти дека ќе го разгледа барањето на неговата мајка неговото тело да биде вратено на 4 март.

Слични содржини