Ретклиф: Организацијата во Манчестер Јунајтед не е добра

од Vladimir Zorba
539 прегледи

Сер Џим Ретклиф беше доста критичен кон организациската структура на Манчестер Јунајтед. Вчера договорот за купување на 27,7 отсто од акциите на клубот од неговата компанија ИНЕОС беше одобрен од последната инстанца и тој сега може да се фати за измените што ги подготви.

„Мораме да ја гледаме организацијата на клубот, бидејќи во моментов не е добра. Земете го на пример главниот тренер: тој треба да дава извештај директно на извршниот директор. Ова веќе не е возможно во модерниот фудбал“, изјави Ретклиф за белгискиот весник „Ди Тид“.

„Треба да се погрижиме вистинските луѓе да завршат на вистинските позиции. Секој човек во менаџментот мора да биде од светска класа. После тоа, важно е да се создаде позитивна, пријателска, но и висококвалитетна средина. Оваа култура недостасува. Само во таква средина можете да го извлечете најдоброто од спортистите. Ако успеете, резултатите автоматски ќе следат. Ова е планот и јас верувам во него“, објасни тој.

Ретклиф откри дека одржува контакт со сер Алекс Фергусон и го цени неговото мислење: „Одвреме-навреме зборувам со Сер Алекс. Тој сè уште има многу интересна гледна точка. И секогаш слушам што има да каже“.

Слични содржини