Азири: Барањата на Таравари за промени во Уставот е кампања на Алијанса уште пред 5-6 години

од Nikola Popovski
331 прегледи

Крилото на Зијадин Села се согласува со барањата и платформата на лидерот на АА, Арбен Таравари кој вчера порача дека ќе се залага за три промени на Уставот: внесување на Бугарите, отстранување на „20%“ за албанскиот јазик и претседателот да се бира во Собрание, а не преку директни избори. Велат дека овие барања не се од вчера, туку дека токму тие се промотори на таквите предлози.

-Ова беше кампања во Алијанса уште пред 5-6 години кога бевме омаложувачкиот однос за македонскиот јазик. Таравари избра да не ги кажува ставовите пред партиските органи, туку пред претставници на други партии што е неприфатливо за нас. Треба заедно да ги дискутираме во партијата, рече потпретседателот и пратеник на АА, Елми Азири.

Тој е дециден дека одлуката на партијата е сама да настапи на претстојните избори. Вели дека Зијадин Села и Кренар Лога зборувале со Таравари, но претходно ја отфрлувал идејата да биде претседателски кандидат.

-Партијата не е во тешка состојба бидејќи покажавме дека имаме капацитет, но ова е еден удар. Не ги знам неговите мотиви. Пријатели сме, но имајќи ги во предвид сите случувања, треба да има влијание надвор. Можеби Таравари не сакал наша поддршка. Зошто биле побитни понудите од ЕСП, искрено не знам, кажа Азири во емисијата на „Слободен печат“.

Пратеникот оценува дека албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот премиер Албин Курти имаат разни начини како да влијаат врз секојдневниот живот и помагање на Македонија. Тврди дека не се работи за „приштинска“ или „тиранска“ платформа.

Слични содржини