Актерката Меган Фокс добива негативни коментари на социјалните мрежи по објавата со Тејлор Свифт.
Фокс која е позната по своето ексцентрично однесување, овој пат отиде чекор подалеку и го навлече гневот дури и кај нејзините поддржувачи.
Таа била на забава во друштво на нејзиниот партнер Машин Ган Кели, а со нив била и Тејлор Свифт и нејзиното момче Тревис Келси. Меган објави заедничка фотографија, а описот под неа налути многумина.
„О, боже, погледнете колку различно изгледам. Тоа е само темна слика од мобилен телефон на која изгледам како украинска кукла на надувување, а во реалноста изгледам како една од оние супер скапи силиконски вистински секс кукли кои можете да ги најдете само во Јапонија“, напиша актерката.
Тоа беше доволно да се најде на удар на критики, дури и од некои познати личности.