Ретклиф на лето ќе обезбеди буџет за тројца квалитетни играчи

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Новиот малцински сопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, кој пред неколку дена се здоби со 27,7 од акциите на клубот, во своето прво опширно интервју изјави дека решението за проблемите нема да биде неселективно фрлање средства во летниот преоден рок.

Сепак, според „Дејли мејл“, милијардерот ќе обезбеди доволно сериозна сума за да привлече тројца квалитетни играчи – централен дефанзивец, играч за врска и напаѓач.

Јунајтед, како и повеќето големи клубови во Англија, не можеше да направи ништо на јануарскиот пазар поради ограничувањата наметнати од новите правила за профит и одржливост на Премиер лигата. Според нив, на секој клуб му се дозволени загуби од не повеќе од 105 милиони за последните три сезони. Јунајтед потроши повеќе од 500 милиони фунти на нови играчи во тој период, но забележа значително зголемување на приходите во текот на минатата година, од 477 милиони фунти на 648 милиони фунти. „Дејли Мејл“ тврди дека Јунајтед ќе има тампон од околу 40 милиони фунти на лето без да ризикува да ги прекрши правилата. Оваа бројка има уште поголема тежина на трансфер пазарот бидејќи, за сметководствени цели, трансферните надоместоци и платите на играчите се распоредени низ целиот период на договорите на играчите.

Ако на тоа се додаде и продажбата која Манчестер Јунајтед ја планира, како и ослободувањето на некои од високите плати како Марсијал, Варан и евентуално Касемиро, клубот ќе може да си дозволи пристоен избор. Се разбира, во голема мера зависи од продажбата за која станува збор и нивната големина. Џејден Санчо, Мејсон Гринвуд, Дони ван де Бик, Факундо Пелистри, Брендан Вилијамс и Ханибал Мејбри сигурно ќе бидат продадени во текот на летото. Истото може да му се случи на некој меѓу Хари Мегваер и Виктор Линделоф. Нејасна е и иднината на Кристијан Ериксен, Скот Мектомини и Арон Ван-Бисака.

Слични содржини