На крајот на месецот на аукција ќе биде понуден револуционерниот Mercedes 60 Simplex, кој кога беше произведен во 1903 година, беше најбрзиот автомобил масовно произведен во светот. Сега внуката на првичниот сопственик одлучила да го продаде. Според „ХАК“, во светот останаа само пет од нив.
Има четирицилиндричен мотор со 60 КС и четиристепен менувач, секако мануелен. Кога беше нов, тој беше најбрзиот автомобил на светот, тогаш целосно рачно изработен, со максимална брзина од 130 km/h. Сега, 121 година откако нејзиниот дедо, британскиот издавач и љубител на мотоспортот Алфред Хемсворт го купи овој Mercedes 60 Simplex, внуката Елизабет Хемсворт одлучи да го продаде и ќе биде понуден на аукцијата Goodwing & Company во Амелија Ајленд, Флорида на 29 февруари.

Хемсворт го купил Simplex директно од дилерот на Mercedes во Франција, Емил Јелинек, кој наводно ги убедил Готлиб Дајмлер и Вилхелм Мајбах да го именуваат автомобилот по неговата ќерка Mercedes. Автомобилот учествуваше на неколку трки кога беше нов, победувајќи на некои од нив. Иако по дефиниција не е тркачки автомобил, неговите задни седишта и задниот браник можеа да се отстранат, а долгото меѓуоскино растојание и релативно малата тежина го направија доволно пргав.

Хемсворт почина во 1922 година, оставајќи зад себе убаво наследство и импресивна колекција на автомобили. Simplex го наследил неговиот 12-годишен син Алфред. Тој беше добро сочуван од семејството, кој го изложи во 1956 година во Британскиот национален музеј за мотори, кој Лордот го основал и поради кој е именуван музејот.
Автомобилот првично е купен за 25.000 златни марки, што денес вреди околу 200.000 евра. Сепак, аукциската куќа очекува да добие најмалку 10 милиони долари.
Автомобилот е во солидна состојба, но бара некои работи за реставрација.