📸 „Бев толку повредена“: Џулија Робертс за насилството на интернет кое го доживеала

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Актерката Џулија Робертс своевремено проговори за насилството на интернет, а оваа нејзина изјава сега повторно е актуелна на социјалните мрежи.

Имено, се започна со фотографијата која ја објави во 2018 година на Инстаграм, а на која таа и нејзината внука Ема Робертс, исто така актерка, опуштено играат карти.

Двете биле во едноставна облека и без шминка, исто како повеќето луѓе кога поминуваат време дома со пријателите, но за Џулија и Ема имаше многу негативни коментари.

Иако имаше и такви кои ги поддржаа актерките, голем број луѓе го критикуваа нивниот изглед и ги навредуваа во коментарите под фотографијата.

„Во коментарите избувнаа расправии. Бев запрепастена од моите чувства. Јас сум 50-годишна жена и знам која сум, а сепак моите чувства беа толку повредени. Бев толку повредена затоа што не можеа да ја видат сладоста на тоа (фотографиите); апсолутна, блескава радост на таа фотографија. Тогаш си помислив – Боже! Што ако имав 15 години? Едноставно е поразително!“, искрено наведе тогаш Џулија.

Таа потоа го привлече вниманието на страшната реалност, а тоа е дека луѓето седат пред екраните во своите домови и си даваат за право да ги навредуваат другите и да ја уништуваат нивната самодоверба анонимно и да се кријат зад лажни профили.

Слични содржини