232
Тело на маж е извлечено од под урнатините на повеќекатна станбена зграда погодена од руски дрон, јави „Укринформ“, повикувајќи се на шефот на регионалната воена управа Серхиј Лисак.
„Тело на маж беше извлечено од под урнатините на зграда во Дњепар, која беше уништена со дрон“, напиша Лисак на Телеграм и додаде дека продолжува потрага по жена која можеби била дома во моментот на нападот.
Претходно беше објавено дека руски дрон „шахед“ удрил во повеќекатна станбена зграда во текот на ноќта, при што биле повредени осум лица, од кои двајца се во болница.
Денеска во регионот Херсон исто така едно лице било повредено во напад со дрон по што морало да му биде ампутирана ногата, пренесе БТА.