Зградата на МНР осветлена во боите на украинското знаме: „Остануваме на страната на народот на Украина“

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Зградата на Министерството за надворешни работи (МНР) вечерва е осветлена во боите на украинското знаме во пресрет на двегодишнината од руската инвазија на Украина.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук сподели фотографии и изрази „недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.

„Остануваме на страната на украинскиот народ и нивната борба за слобода, мир и демократски вредности“, напиша Османи.

Русија ја започна инвазијата над Украина на 24 февруари 2022 година.

Слични содржини