Зошто во снимањето на филмот „Титаник“ учествувале само ниски статисти?

од Stefanija Kuzmanovska
1,1K прегледи

Џејмс Камерон е режисер кој не препушта ништо на случајноста и никогаш не дозволува какво било ограничување да влијае на квалитетот на неговиот филм. Така, не беше исклучок ниту снимањето на „Титаник“, кој бил најскапиот филм на Камерон во тоа време.

Меѓутоа, за да ги намалат трошоците, продуцентите одлучиле да искористат трик за време на снимањето на филмот. Во сето ова клучна улога имале ниски луѓе.

„Снимавме со ниски статисти за сетовите да изгледаат големи. Секој кој беше повисок од 177 сантиметри не доби улога. Со тоа заштедивме дополнителни милион долари“, изјави Џејмс Камерон за светските медиуми.

Да потсетиме, „Титаник“, во кој главните улоги ги толкуваат Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо, и по неколку децении е омилен филм на многу генерации.

Слични содржини