Саудиска Арабија сериозно го искушува Манчестер Сити да го продаде Де Бруин

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Англискиот шампион Манчестер Сити е подготвен да ги слушне понудите за својата ѕвезда Кевин Де Бруин, откако врвните клубови во Саудиска Арабија се сериозно заинтересирани за потписот на најдобриот играч од средниот ред на светот. 32-годишниот фудбалер важи за играч кој дополнително ќе го подигне профилот на лигата на Саудиска Арабија

„Дејли Мејл“ тврди дека раководството на „граѓаните“ се повеќе се во искушение од можноста да го продадат Белгиецот далеку од Премиер лигата. Договорот на Де Бруин истекува на крајот од следната сезона и тој допрва треба да даде некакви индикации за неговите идни планови. Преговорите за нов договор се уште не се започнати.

Де Бруин е во извонредна форма за Сити откако се врати од операцијата на тетивата, забележувајќи седум асистенции и два гола на своето име во седум настапи. Четири од нив дојдоа од клупата, нагласувајќи го неговото влијание врз тимот на Пеп Гвардиола.

Сепак, Белгиецот ја засени победата над Брентфорд во средината на неделата со нов проблем со тетивата. Се очекува тој да патува со тимот за саботното гостување кај Борнмаут пред Сити да се соочи со Лутон Таун во петтото коло од ФА Купот на Кенилворт Роуд во вторник.

Спортскиот директор на Саудиската професионална лига, Мајкл Еменало, присуствуваше на еден од тренинзите на Сити на Светското клупско првенство пред Божиќ, кога Де Бруин сè уште се опоравуваше од петмесечното отсуство.

Саудискиот фонд за јавни инвестиции поседува мнозински удели во Ал Итихад, Ал Ахли, Ал Насер и Ал Хилал, а еден од квартетот најверојатно ќе го придобие Де Бруин доколку Сити одлучи да го продаде. „Граѓаните“ веќе испратија двајца свои играчи на Блискиот Исток, откако минатото лето го продадоа Ријад Марез на Ал Ахли и Ајмерик Лапорте на Ал Насер за зделка од 1 милион фунти.

Слични содржини