Новиот менаџер на Кристал Палас: „Не сум магионичар“

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Новоименуваниот менаџер на Кристал Палас, Оливер Гласнер, не се смета себеси за волшебник, но е убеден дека клубот може да ја заврши сезоната на подобра позиција во англиската Премиер лига. Лондончани се 15-ти на табелата досега, пет бода над зоната за испаѓање, а Гласнер доаѓа на местото на Рој Хоџсон, кој се повлече во понеделникот.

„Јас не сум магионичар, не сум Дејвид Коперфилд. Ова е ново искуство и предизвик за мене и за сите нас. Краткорочната цел е да се запознаеме. Важно е што ние сакаме да направиме фудбалски, како можеме да се подобриме и да ја завршиме сезоната со што е можно повеќе поени. Спортскиот директор (Даги Фридман) ми дава голема доверба дека можеме да ја постигнеме нашата визија“, изјави Оливер Гласнер за новинарите во петокот пред неговиот прв натпревар како менаџер на Кристал Палас.

„Орлите“ денеска се домаќини на Барнли.

Австрискиот стручњак се надева и на поддршка од навивачите на Палас, кои во неколку наврати протестираа против управата на клубот.

Слични содржини