Пендаровски: Нашата позиција не е променета – да не се одлага помошта за Украина

од Nikola Popovski
209 прегледи

Нашата позиција не е променета и две години од почетокот на агресијата. Заедно со сојузниците во НАТО Алијансата постојано вложуваме напори, помошта за Украина, којашто ѝ е повеќе од потребна, да не се одлага заради внатрешнополитичката динамика во државите сојузнички, изјави претседателот Стево Пендаровски на конференцијата „Украина – две години хероизам” организирана од Амбасадата на Украина во земјава.

Според Пендаровски, успесите на Украина денес не зависат само од волјата и од потенцијалите на украинската армија, туку и од финансиската, логистичката и, пред сè, воената помош којашто таа мора да ја добива.

-Секоја поинаква калкулација во овој контекст, ќе доведе до уште поголеми страдања, разрушувања во Украина и неизвесност за сите нас, посочи претседателот.

Пендаровски оценува дека неодамна донесената одлука на Советот на ЕУ за помош во износ од 50 милијарди евра и најавата дека американскиот Конгрес би можел да ја премости политичката блокада и да ја откочи помошта за Украина од околу 90 милијарди долари, се вистинскиот начин на кој треба да се дејствува во иднина.

Слични содржини