Тајното оружје на Чарлс кое може да ги запре Хари и Меган: „Таа е строга, но секогаш праведна“

од Stefanija Kuzmanovska
664 прегледи

Принцот Хари веднаш замина за Лондон откако беше објавено дека кралот Чарлс боледува од рак, а некои кралски извори велат дека тој понудил да се врати на своите кралски должности, но веројатно Чарлс нема да го прифати тоа.

Не е новост тоа што Хари и Меган ја шокираат британската јавност, а еден од најновите скандали е злоупотребата на титулата војвода и војвотката од Сасекс, која им ја додели кралицата Елизабета Втора, а сега ја користат за лична промоција на нивната веб-страница Sussex.com.

Кралските експерти тврдат дека Чарлс има „тајно оружје“ кое може да ги запре Хари и Меган. Тоа е неговата сестра, принцезата Ана.

„Мислам дека треба да ја испратиме принцезата Ана да се справи со Хари и Меган. Таа е строга и авторитетна, но секогаш праведна. Да бев на местото на кралот, би рекла: ‘Ана, те молам оди и среди ги работите со нив’“, изјави Сара Вајн, експерт за кралското семејство.

Слични содржини