Претседателот на САД, Џо Бајден ќе ја посети американско-мексиканската граница во Тексас в четврток, објави Белата куќа, во најновиот обид на демократот да ја врати контролата врз зголемената илегална имиграција пред изборите во ноември.
– Бајден ќе оди во Браунсвил, Тексас, за да се сретне со федералните гранични агенти и „да ги повтори своите повици до републиканците во Конгресот да престанат да играат политика и да ги обезбедат потребните средства“ за заштита на порозната граница, изјави денеска официјален претставник на Белата куќа.
Рекорден број мигранти ја преминаа границата откако во Белата куќа е Бајден, претворајќи го ова прашање во голема политичка одговорност во неговата кампања за реизбор.
Трамп, исто така, в четврток ќе ја посети границата со Тексас, јавуваат американските медиуми.
Републиканците ја обвинуваат политиката на Бајден за фаворизирање на правото на азил за протокот на мигранти, додека Белата куќа вели дека партијата на Трамп намерно го саботира двопартискиот обид да се најде решение.
Последниот предлог-закон, кој заглави во Сенатот откако републиканското раководство во Претставничкиот дом вети дека ќе го торпедира, ќе биде „најтешкиот и најправеден пакет реформи за обезбедување на границата во последните децении“, рече претставникот на Белата куќа.