Францускиот претседател Емануел Макрон повика за повеќе оружје и ресурси за Киев за време на конференцијата во Париз за помош на Украина, јави ДПА.
На состанокот, што беше организиран за кратко време, присуствуваа високи претставници на многу од главните европски поддржувачи на Киев, меѓу кои и германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.
„Заедничкото разбирање денес е дека безбедноста на сите нас е загрозена“, изјави Макрон пред 20 шефови на држави и влади во Елисејската палата.
Со оглед на тоа што војната во Украина влегува во третата година, Макрон рече дека однесувањето на Москва станува се поагресивно на политичко ниво и на линијата на фронтот.
„Русија не смее да победи во војната“, нагласи францускиот претседател, и додаде дека не може да се дозволи да се поколеба поддршката и дека поддржувачите на Украина мора да ги засилат своите напори. Зголемувањето на помошта за Украина преку финансирање и оружје треба да се активира и заеднички и на национално ниво, рече тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се приклучи на состанокот во Париз преку видео врска.