Бред Пит (60) изгледаше речиси непрепознатливо на улиците на Лос Анџелес во необично модно издание во вечната комбинација на црно и бело, но неговиот изглед беше со километри оддалечен од таа модна класика.
Познатиот актер, кој се уште изгледа неверојатно фит во својата седма деценија, се одлучи за „ѓаволски“ изглед во кој доминира стилизиран череп и соодветни панталони, а впечатливите парчиња се потпишани од брендот God’s True Cashmere, бренд кој самиот Бред го коснована во 2019 година со холистичкиот исцелител Сат Хари.
Брендот дополнително го промовираше блискиот пријател на актерот, британскиот уметник Томас Хаусаго, кој ги дизајнираше овие лимитирани парчиња.
Белите патики и очилата за сонце го комплетираа изгледот на славниот актер кој повторно најде љубов по турбулентниот развод со Анџелина Џоли и не се одвојува од прекрасната дизајнерка на накит, Инес де Рамон.