Волков: Протестот на кој Навални повика на 17 март ќе биде негово наследство

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Леонид Волков, близок соработник на покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални, денеска изјави дека протестот на кој Навални повика на 17 март, последниот ден од претседателските избори во Русија, ќе биде негов „последен тестамент“.

Во видеото на Јутјуб, Волков ги повика Русите да се појават во голем број на протестот тој ден против рускиот претседател Владимир Путин и да гласаат напладне, нешто што Навални повика околу две недели пред неговата смрт.

Волков рече дека тоа ќе биде и „митинг на жалост“ во спомен на Навални и исполнување на неговиот повик за протест, пренесе Ројтерс.

Слични содржини