232
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека европските земји и членките на НАТО нема да испраќаат војници во Украина.
„Се разговараше за тоа што е договорено меѓу сојузниците од почетокот и за иднината, а тоа е дека на територијата на Украина нема да има војници на европските земји или членки на НАТО“, изјави Шолц по самитот на европските лидери одржани во Париз.
Тој посочи дека европските земји се подготвени да набават оружје од трети земји, надвор од Европа, со цел да се забрза испораката на воена помош за Украина, пренесе Ројтерс.