Семејството не може да го погреба Алексеј Навални: Наидоа на сериозни проблеми

од Vladimir Zorba
325 прегледи

По смртта на Алексеј Навални, неговите луѓе во моментов се соочуваат со проблем да организираат погреб бидејќи неколку погребни агенции во Русија одбија да организираат испраќање за рускиот опозициски лидер.

Погребалните домови во Русија одбија да го организираат погребот на Алексеј Навални, изјави портпаролката на критичарот на Кремљ.

Тимот на Навални потроши многу време барајќи каде да го организира збогувањето. Како што се наведува, „повикани се голем број приватни и јавни погребални агенции, комерцијални локации и погребални салони“.

„Некои места велат дека нивниот простор е зафатен, додека други одбиваат да го спомнат името на Навални“, рече портпаролката Кира Џармиш во објава на социјалната мрежа Х, порано Твитер.

„На едно место ни кажаа дека погребните служби се забранети да работат со нас. По цел ден пребарување, се уште не најдовме проштална сала“, додаде таа.

Слични содржини