Состојки:
– 180 гр путер
– 150 гр чоколадо за готвење
– 6 јајца
– 100 гр шеќер
– 80 гр шеќер во прав
– 1 ванилин шеќер
– 150 гр брашно
– 1/2 прашок за пециво
– прстофат сол
– 1 лажица какао
– 50 гр мелени ореви
– 150 гр цели ореви
Глазура:
– 200 гр чоколадо за готвење
– 40 гр путер
Подготовка:
Загрејте го путерот додека не зоврие, тргнете го од шпорет и додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи чоколадото.
Одвојте ги белките од жолчките и изматете ги во снег. Постепено додавајте шеќер додека мешате.
Изматете ги жолчките и шеќерот во прав пенесто, а потоа додадете го ванилиниот шеќер и подготвеното чоколадо.
Потоа измешајте го брашното измешано со прашокот за пециво, солта, какаото и мелените ореви.
Готовите белки полека измешајте ги во смесата и на крај додадете ги целите ореви.
Смесата истурете ја во калап за куглоф кој претходно добро сте го намачкале со путер и сте го посипале со брашно.
Се пече во рерна загреана на 170 степени околу 50 минути.
Испечениот колач изладете го малку и извадете го од калапот, па оставете го да се излади.
Подгответе ја глазурата и прелијте го куглофот.