Адвокатот на Навални наводно уапсен во Москва

од Stefanija Kuzmanovska
432 прегледи

Адвокатот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор овој месец, наводно бил уапсен во Москва.

Извори на руските медиуми наведуваат дека Васили Дубков е приведен поради „нарушување на јавниот ред“.

По смртта на Навални, Дубков со мајката на опозиционерот отишол во затворската колонија каде што починал Навални на 16 февруари.

Руските власти се уште не го потврдиле апсењето на Дубков.

Другите адвокати на Алексеј Навални, Вадим Кобзев, Игор Сергунин и Алексеј Липстер, беа уапсени во октомври 2023 година под обвинение за „екстремизам“.

Во јануари, Олга Михаилова, адвокатка на лидерот на опозицијата, рече дека таа била обвинета за истото дело и дека одлучила да остане во егзил.

Руските власти ја забранија Антикорупциската фондација, организација предводена од Навални, поради „екстремизам“ во 2021 година.

Затворските власти го држеа телото на опозицискиот лидер повеќе од една недела по неговата смрт.

Телото ѝ беше предадено на мајката на Навални осум дена по неговата смрт.

Соработниците на Навални велат дека се уште бараат место каде ќе одржат јавна комеморација на поранешниот лидер на опозицијата.

Кира Јармиш, портпаролката на Навални, во вторникот рече дека повеќето од погребните агенции до кои се обратиле одбиле да дозволат комеморацијата во нивните простории.

„Некои ни кажаа дека нивните простории се окупирани, некои одбија кога се спомна името на Навални. На едно место ни кажаа дека на погребните агенции им е забрането да работат со нас“, напиша Џармиш.

Слични содржини