ЕСМ: Субвенции за топлинска енергија за домаќинствата и оваа грејна сезона

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

ЕСМ Снабдување со топлина денеска преку соопштение информира дека субвенции на цената на топлинска енергија за домаќинствата ќе има и оваа грејна сезона.

„Фактурите за топлинска енергија за грејна сезона 2023/2024, кои ќе се испорачуваат до потрошувачите од категоријата домаќинства во следниот период, а се однесуваат на месеците јануари, фавруари, март и април ќе ја вклучуват мерката за субвенционирање на цената на топлинската енергија. Субвенциите кои се однесуваат на месеците октомври, ноември и декември, ќе бидат вкалкулирани и ќе го намалат износот на потрошениот реален надоместок за грејната сезона“, се наведува во соопштението.

Од ЕСМ Снабдување со топлина појаснуваат дека финансиската поддршка за секој потрошувач е прикажана во фактурата за секој месец пооделно и дека оваа поддршка ќе обезбеди намалување на израмнителните сметки во мај, јуни и јули, кога потрошувачите треба да го почувствуваат бенефитот од мерката.

„Потрошувачите во периодот август-април добиваат авансни сметки-фактури, а разликата на количината на испорачана топлинска енергија до потрошувачите (што е регистрирана на мерилата во топлинските станици) од прогнозираната во авансните фактури, ќе биде израмнета во сметките што потрошувачите ќе ги добијат во текот на мај, јуни и јули, кога вообичаено се врши порамнување. Во текот на целата година, во своите сметки на задната страна добиваат податок за тоа колку енергија потрошиле, колкава е ангажираната моќност и колкава е разликата помеѓу реалниот и надоместокот кој потрошувачите го авансирале со авансните фактури“, стои во соопштението.

Слични содржини