Пристигнува Lamborghini Huracan STJ?

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Актуелниот Lamborghini Huracan годинава официјално ја завршува кариерата, а него ќе го наследи plug-in хибриден модел кој најверојатно наместо V10 ќе добие V8 твин-турбо мотор. Сепак, пред тоа пристигнува уште една, финална верзија на актуелниот Huracan.

Некои медиуми (како што е Car Buzz) известуваат дека Lamborghini аплицирала за табличка со Huracan STJ, а апликацијата вклучувала стилизирана верзија на името што личи на дизајнот што Lamborghini го користел за Aventador SVJ.

Ако Lamborghini навистина го лансира Huracan STJ, автомобилот веројатно ќе биде уште поекстремна верзија на веќе екстремниот Huracan STO.

Буквата J обично има големо значење за Lamborghini, а за прв пат беше користена на Miura SVJ лансирана во 1970-тите.