„Гладни палестински цивили се обидуваат да прехранат семејства, жалиме за невините жртви“: Се огласи Белата куќа за масакрот во Газа

од Nikola Popovski
238 прегледи

Белата куќа се огласи по повод израелскиот напад во Газа, во кој загинаа најмалку 100 луѓе кои чекаа да добијат хуманитарна помош. Тие го опишаа настанот како „сериозен инцидент“.

„Жалиме за загубата на невини животи и ја признаваме страшната хуманитарна ситуација во Газа, каде невините Палестинци само се обидуваат да ги прехранат своите семејства. Ова ја нагласува важноста од проширување и одржување на протокот на хуманитарна помош за Газа, вклучително и потенцијален привремен прекин на огнот“, се вели во изјавата на портпаролот на Советот за национална безбедност, пренесува „BBC“.

Најмалку 104 лица загинаа, а 760 се повредени кога израелски војници отворија оган додека гладни палестински цивили се собраа околу камион со храна, соопшти палестинското Министерство за здравство во Газа.

Слични содржини