Најчевска предлага граѓански Устав: Тогаш немаме потреба од внесување на Бугарите и од Бадентер

од Nikola Popovski
658 прегледи

Универзитетската професорка, Мирјана Најчевска смета дека Уставот треба да се отвори и да се соберат сили за да се направи граѓански.

-Тогаш нема потреба од внесување на Бугарите, нема потреба од Бадентер… Тогаш можеме да го внесеме и изборот на претседател на државата во Собранието, меѓутоа тогаш не е важно дали е Македонец, Албанец, Турчин, Ром или друго. Ако поставиме Уставот на нови темели, а тоа е граѓанинот како индивидуа, а етничките елементи ги повлечеме во она што претставува култура, образование, приватна сфера, тогаш најверојатно ќе се ослободиме од лошо чувство што едната или другата страна, го добива кога се зборува за изборот на високи функционери и ќе се растовариме од потребата цело време да мериме, вели Најчевска во емисијата „Вин-вин“.

Слични содржини