САД денеска ги оценија како „неодговорни“ изјавите на рускиот претседател Владимир Путин, кој го предупреди Западот за „вистинската закана“ од нуклеарна војна во случај на ескалација на конфликтот во Украина.
„Не е првпат да слушаме неодговорна реторика од Владимир Путин. Тоа не е начинот на кој може да зборува лидерот на земја која има нуклеарно оружје“, изјавил за новинарите портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.
Во денешниот говор Путин им се обрати на западните земји и им порача дека треба да разберат дека и Русите имаат оружје што може да погоди цели на нивна територија.
„Се што измислуваат сега, покрај тоа што го заплашуваат целиот свет, претставува реална закана од конфликт со употреба на нуклеарно оружје и, според тоа, уништување на цивилизацијата“, рече Путин.
Портпаролот на Стејт департментот потсетил дека претходно САД директно комуницирале приватно со Русија за последиците од употребата на нуклеарно оружје.
Сепак, тој додал дека САД „немаат знаци“ дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје.