Убиени најмалку 30.320 Палестинци и повеќе од 70.000 ранети од почетокот на конфликтот

од Nikola Popovski
221 прегледи

Најмалку 30.320 Палестинци се убиени, а 71.533 се ранети во израелските напади врз Газа од 7 октомври досега, соопшти денеска Министерството за здравство на Газа, предводено од Хамас.

Во последните 24 часа во израелските напади загинале 92 Палестинци, а 156 се повредени, пренесува Ројтерс.

„Тајмс оф Израел“ наведува дека податоците на палестинските власти во Газа не прават разлика меѓу загинатите цивили и борци и додава дека Израел објавил дека околу 13.000 членови на Хамас биле убиени во борбите во Газа, по нападот на таа палестинска милитантна група на 7 октомври на израелска територија.

Слични содржини