„Ќе добиеш нож во врат, ќе биде на сите вести“: Морничави смртни закани вознемирија семејство на познат тенисер

од Nikola Popovski
407 прегледи

Норвешкиот тенисер Каспер Руд го совлада данскиот играч Холгер Руне во полуфиналето на турнирот во Акапулко со 2:1 во сетови.

Веќе извесно време Руне не може да ја најде формата што го красеше претходната година, па по два и пол часа тенис му пружи рака на подобриот, иако беше првиот што водеше во сетови (6: 3, 3:6, 4:6).

Се претпоставува дека поради ова добил грозоморна смртна закана, која ја споделила неговата мајка Анеке Руне.

„Кучкин сине, те чекам. Ќе те најдам и ќе ти пикнам нож во врат, а потоа ќе ти ја отсечам глупавата глава. Тоа ќе биде на сите вести. Тоа ќе биде лекција и за сите други. Доаѓам по тебе, ќе умреш од тап нож“, му порачал некој на Руне.

Анеке ја споделила оваа порака и адресата на е-пошта на лицето што ја упатило заканата, велејќи му дека е идиот.

„Ако некој знае кој е овој идиот, кажете му дека е кривично дело да се упатуваат смртни закани“, напишала мајката на Руне.

Ова не е прв пат Данецот да добива слични закани, бидејќи имало слични ситуации минатата есен и минатото лето, поради што се огласила и сестрата на Холгер, а семејството побарало да се блокираат таквите пораки.

Слични содржини