Менаџерот Ерик тен Хаг призна дека има дефанзивни проблеми во дерби пресметката на Манчестер Јунајтед со шампионот Манчестер Сити во недела.
Хари Мегваер им се придружува на Лук Шо, Лисандро Мартинез, Тајрел Маласија и Арон Ван-Бисака кои се повредени.
Софиан Амрабат се врати во составот на „црвените ѓаволи“ во средата и играше на левата страна од одбраната додека Диого Далот беше на позицијата десен бек. Јунајтед тогаш победи со 1-0 на гостувањето кај Нотингем Форест во ФА Купот.
„Мораме да ја склопиме сложувалката бидејќи сè уште ни недостасуваат бекови. Се уште немаме централни дефанзивци. Мораме да бидеме креативни, но мислам дека можеме да го направиме тоа. Во средата покажавме дека можеме. Поважно е дека ако ја имаме таа страст и таа амбиција, желба и решителност да го добиеме натпреварот, тогаш сме способни да го направиме тоа“, изјави Тен Хаг, цитиран од официјалната веб-страница на 20-кратниот шампион на Англија. .
Досегашната најдобра серија на Јунајтед во кампањата заврши на крајот на минатата недела со пораз од 2-1 против Фулам пред својата публика. Јунајтед прими вкупно 10 гола на последните две гостувања на „Етихад“ стадионот против Сити.
„Сè уште ме нервира тој натпревар против Фулам. Но, тоа се случи, и не можеме да заборавиме што се случи пред тоа. Од јануари сме во многу добра форма, во многу добра серија. Се вративме (против Нотингем Форест) и мораме да продолжиме со овој процес. Ни претстојат големи натпревари и предизвици. Многу сме возбудени бидејќи е важна недела за нас“, додаде стручњакот од Холандија.