📽️Георгина ѝ открила на Карлеуша кога Роналдо ќе се пензионира?

од Nikola Popovski
520 прегледи

Српската пејачка, Јелена Карлеуша и девојката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез се запознале на модната недела во Париз, а за нивниот разговор се уште се зборува низ фудбалскиот свет.

Странските медиуми јавуваат дека Родригез токму на Карлеуша ѝ открила кога Кристијано Роналдо ќе ја заврши кариерата, тема која долго време се премолчува.

Роналдо се уште игра на ниво и е еден од најдобрите фудбалери во Саудиска Арабија, каде е дел од тимот на Ал Наср.

„Уште една година и готово. Можеби две, не знам“, рекла Георгина и предизвикала бура на социјалните мрежи.

Овој разговор многумина го поврзуваат со крајот на кариерата на Роналдо и сите се прашуваат дали избраничката на легендарниот Португалец ѝ ја дала светската ексклузива на Карлеуша.

Годинава во сите натпреварувања Роналдо има 28 гола и 11 асистенции на 29 натпревари, со три жолти картони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pubity Sport (@pubitysport)

Слични содржини