📷Пронајдено Ferrari F512M на Герхард Бергер украдено во 1995 година

од Vladimir Zorba
589 прегледи

Поранешниот Формула 1 пилот, Герхард Бергер конечно дочекал полицијата да го пронајде неговото ретко Ферари кое било украдено во 1995 година.

Лондонската метрополитенска полиција потврди дека е пронајден Ferrari F512M, кој беше украден од Бергер во 1995 година. Последниот модел на познатата Тестароса, откако беше украден од австрискиот возач, бил префрлен во Јапонија.

Моделот од 75 единици, само во Северна Америка, беше украден од поранешниот возач за време на тркачкиот викенд во Сан Марино во 1995 година.

Возилото од 350.000 фунти поминало 28 години во Јапонија пред да се врати во Велика Британија на крајот на минатата година, кога било пронајдено.

Се уште никој не е уапсен.