Џафери за проблемот со 100-те илјади граѓани: Со оваа динамика, во март можат да ги добијат документите

од Nikola Popovski
356 прегледи

Од 1.2.2024 до 29.02, вкупно барање за патни исправи имало 123.983, од кои изготвени се 95.267. Ова е показател за динамика. Лични карти – примени барања 82.235, изготвени се 71.410, информира денеска техничкиот премиер Талат Џафери за состојбата со личните документи.

Според него, со оваа динамика, 100-те илјади кои немаат важечки документ за да гласаат на изборите, во текот на месец март, можат да ги добијат документите. Тој побара од сите засегнати граѓани да аплицираат за документи.

Доколку не дојде до издавање за сите, вели Џафери, тоа е тема за размислување.

-Не сакам да зборувам хипотетички. Основа работа е институцијата да ја врши својата работа, а не да се правда за своето неработење, истакна премиерот.

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вчера информираше дека неговата партија ќе поддржи законска одредба со која граѓаните ќе можат да гласаат на изборите со стари документи, со старото уставно име. Станува збор за 100 илјади граѓани, кои немаат важечка лична карта, а имаат пасош со старото уставно име, кој е, исто така, неважечки.

Техничкиот министер Панче Тошковски во неколку наврати апелираше до Собранието да се промени законската одредба што ги регулира начинот на идентификација и начинот на гласање, сè со цел 100.000 лица да не го загубат правото на глас.

Слични содржини