Алонсо: Имаме големи цели и во Лига Европа

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен, има големи цели и во Лига Европа, особено по пласманот во полуфиналето на натпреварувањето минатата сезона, уверува главниот тренер Чаби Алонсо.

„Беше одлично што бевме во полуфиналето минатата година. Оваа година сакаме повеќе“, изјави тренерот на германскиот тим на прес-конференција пред утрешниот прв натпревар против Карабах во Азербејџан од осминафиналето во Лига Европа.

Шестчасовниот лет и временската разлика ќе бидат предизвик за Баер, но тоа не е нешто со кое тимот не се соочил, смета шпанскиот стручњак. Во групната фаза екипата на Леверкузен го совлада Карабах во Баку со 1:0.

„Направивме добра работа минатиот пат и имавме добра програма“, прокоментира спортскиот директор Симон Ролфс, додека Чаби Алонсо додаде: „Ќе направиме се повторно на ист начин“.

Шефот на „аспирините“ откри дека Матеј Коварш ќе биде на голот на Баер Леверкузен и на двата натпревари со Карабах на местото на капитенот Лукас Храдецки, кој ќе биде на чело против Волфсбург во Бундеслигата в недела.

„Имаме можност за некои промени, бидејќи имаме доста добри играчи. На крајот сакаме да бидеме конкурентни на сите три турнири на кои учествуваме“, изјави Шпанецот.

„Ние сме професионалци. Еден или двајца може да имаат проблеми како што старееме, но има различни работи кои помагаат при долг лет“, рече играчот од средниот ред, Роберт Андрич.

Баер Леверкузен води во привремениот поредок во Бундеслигата со 10 бода предност пред Баерн (Минхен), а за Купот на Германија го чека полуфинале против Фортуна (Дизелдорф).

Слични содржини