Победата на Манчестер Сити од 3-1 над данскиот ФК Копенхаген ги однесе „граѓаните“ во четвртфиналето на Лигата на шампионите и му помогна на тимот да испише историја со уште едно достигнување. Сити е првиот клуб кој постигнал најмалку три гола на 9 последователни натпревари во европските клупски натпреварувања.
Тимот на Пеп Гвардиола е актуелен носител на трофејот и нема пораз во ова натпреварување од мај 2022 година, кога драматично беше исфрлен од Реал Мадрид во полуфиналето. Во следните 21 натпревар на турнирот „граѓаните“ немаат пораз.
Оваа сезона Сити ги доби сите шест натпревари во групната фаза (3:1 и 3:2 против Црвена Звезда, 3:0 и 3:1 против Јанг Бојс, 3:2 и 3:1 против РБ Лајпциг), а по двапати го победи ФК Копенхаген во осминафиналето.
Англискиот клуб во последните 7 години постојано се квалификуваше за четвртфиналето на Лигата на шампионите. Серијата започна по 2017 година, кога Манчестер Сити беше елиминиран во осминафиналето од Монако по вкупен резултат 6:6 и повеќе голови на гости за „кнезовите“.