Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси изјави дека ќе бидат потребни најмалку 90 милијарди долари за обнова на разурнатиот Појас Газа.
Тој во говорот во Каиро рече дека побарал од египетските институции да ги проценат трошоците за обнова на Појасот Газа, кој беше значително уништен од израелските напади и нагласи дека за тоа ќе бидат потребни 90 милијарди долари, пренесе Анадолија.
Тој посочи дека „она што се случува во Газа е предизвик за Египет и за целиот регион“.
„Преминот Рафа е отворен 24/7 и сакаме да донесеме помош во Појасот Газа“, рече Ал Сиси.