Климатските промени предизвикуваат хаос на пазарот: Како што растат температурите, растат и цените на бананите

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Бананите ќе поскапат бидејќи глобалната температура ќе расте поради климатските промени, беше кажано денеска на Светскиот форум за банана во Рим.

Форумот беше организиран со цел експертите да се справат со проблемите со кои се соочуваат одгледувачите на ова овошје, чиј недостиг се чувствува во Велика Британија, јавува Би-Би-Си.

Снабдувањето со банани може да се справи со краткорочните временски настани, но експертите предупредуваат на растечките закани од глобалното затоплување и болестите што тоа предизвикува побрзо да се шират.

Како што беше речено, најмногу главоболка предизвикува габичната инфекција на бананите, кои од Австралија и Азија се преселиле во Африка и Јужна Америка, а која најмногу ја шират поплавите и силните ветрови.

„Доколку не дојде до големо зголемување на понудата, предвидувам дека цените на бананите ќе останат релативно високи во годините што доаѓаат“, рече економистот на Светскиот форум за банана, Паскал Лиу.

Слични содржини