Вонредни регионални избори во Каталонија на 12 мај

од Симе Стоиков
250 прегледи

Вонредните покраински избори ќе се одржат во шпанската покраина Каталонија на 12 мај, откако малцинската влада не го усвои предлогот за покраинскиот буџет, изјави денеска премиерот на каталонската провинција Пепе Арагонес.

Редовните избори требаше да се одржат во февруари 2025 година, кога истекува мандатот на сегашното раководство, пренесува Ројтерс.

Предвремените избори би можеле да имаат големо влијание врз националната политика, бидејќи социјалистичкиот премиер Педро Санчез во шпанскиот парламент се потпира на поддршката на каталонските сепаратистички партии.

Одлуката за распишување предвремени регионални избори во Каталонија дојде пред гласањето во Долниот дом на парламентот во Мадрид за законот за амнестија на активистите и функционерите кои се залагаат за независност на Каталонија.

Слични содржини