Централната команда на Вооружените сили на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека Хутите вчера попладнето лансирале една противбродска балистиќка ракета во правец на Аденскиот Залив од територија под нивна контрола.
„Ракетата не погоди ниеден брод и нема пријавени жртви ниту материјална штета,“ се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ на „Х“.
Од ЦЕНТКОМ додаваат и дека американските сили распоредени во оваа област успешно откриле и уништиле четири беспилотни летала и една ракета „земја-воздух“ стационирани на територијата под контрола на Хутите.
Како што се наведува во соопштението, ова вооружување е означено како „непосредна закана за трговските бродови и за бродовите на американската воена морнарица во регионот“.
March 13 Daily Red Sea Update
Between 2:00 a.m. and 4:50 p.m. (Sanaa time) on March 13, Iranian-backed Houthi terrorists fired one anti-ship ballistic missile from Houthi-controlled areas of Yemen into the Gulf of Aden. The missile did not impact any vessels and there were no… pic.twitter.com/lsZYseVWCw
— U.S. Central Command (@CENTCOM) March 14, 2024
Претходно, „РИА Новости“ пренесе дека Хутите успешно ја тестирале првата суперсонична ракета способна да се движи со брзина од 8 маха (околу 10.000 км/час) и користи цврсто гориво. Движењето „Ансар Алах“ ја тестираше првата хиперсонична ракета со голема убоитост како дел од поготовките да го вклучи ова оружје во својот воен арсенал.
Јемен планира да почне со производство на ова оружје за да го користи за напади во Црвеното и во Арабиското Море, во Аденскиот Залив, како и против цели во Израел.
Истовремено, Хутите почнале и со подобрување на веќе постоечките ракети и дронови со модифицирање на нивните боеви глави за да ја удвојат нивната разорна моќ, а тестирањето на унапреденото оружје траело три месеци.
Минатиот четврток лидерот на Хутите, Абдел Малик еч-Хути, изјави дека движењето работи на развој на хиперсонични ракети и додаде дека „нашите непријатели, пријатели и народот ќе видат ниво на достигнувања од стратешкиот развој што нашата држава ќе ја стават во редот на малкуте земји со такви капациетети“.
Ел Хути посочи и дека јеменските сили го користече новото оружје во неодамнешните операции во Црвеното Море и во Арапското Море, што ги изненади САД и Велика Британија.