Нов удар врз Србите во Косово: Полицијата ги отстранува таблите на кирилица

„Иако дури и највисоките правни акти на Приштина го гарантираат правото на српскиот јазик и кирилицата, режимот на Курти уште еднаш покажува дека за него правата на српскиот народ, обврските од договорите и правилата пропишани со законите во корист на Србите не се важни, велат од Српска листа

од Бети Божиноска
310 прегледи

Работници ангажирани од косовското Министерството за инфраструктура со помош на косовската полиција денеска почнаа да ги отстрануваат таблите на кирилица и да поставуваат нови – на албански и српски јазик, но на латиница, што се смета за нов удар врз косовските Срби на северот од земјата, пренесува „Косово онлајн“.

Досега имињата на населбите беа испишани на кирилица, а сега на нивно место се поставуваат нови табли од правец на Рудар кон Јариње.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, по повод отстранувањето на таблите со имињата на местата на северот на Косово испишани со кирилично писмо, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти може да се пресметува со кирилицата, но дека не може да ја скрши нераскинлива врска на српскиот народ со својата земја Србија.

Петковиќ на социјалната мрежа „Х“напиша дека тие што знаат само за насилство никогаш нема да знаат што е мирен соживот, алудирајќи Курти.

„Српската кирилица опстојувала со векови, ќе го преживее и малиот тиранин,“ истална Петковиќ.

Српска листа ги повика меѓународните претставници јавно да го осудат отстранувањето на таблите, нагласувајќи дека на овој начин Курти ги нарушува правата на српскиот народ на јазикот и писмото и правото на употреба на топонимите што ги користел со векови наназад.

„Иако дури и највисоките правни акти на Приштина го гарантираат правото на српскиот јазик и кирилицата, режимот на Курти уште еднаш покажува дека за него правата на српскиот народ, обврските од договорите и правилата пропишани со законите во корист на Србите не се важни. Силата има примат над правото во тоа ‘најдемократско општество’, како што љуби да каже“, се нагласува во соопштението од Српска листа.

Како што додаваат, Курти не сфаќа дека „го отрул меѓуетничкиот простор како никој пред него“.

„Овој соголен националист и србомразец, без идеи и способност да направи нешто е во корист на Албанците, прави се за да им испорача чиста антисрпска хистерија, продлабочувајќи ги етничките поделби на овие простори, со надеж дека ќе добие политички поени и гласови на следните избори.“ се вели во нивното соопштение.

Слични содржини