Милевски го објави списокот за дуелите со Црна Гора и Молдавија: Македонија со едно ново име

од Симе Стоиков
234 прегледи

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22. март, 15:30 часот) и против Црна Гора во турска Анталија (25. март, 18:00 часот).

На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 28 фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан ШИШКОВСКИ – Арарат, Ерменија, Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички, Дејан ИЛИЕВ – Сараево, БиХ

ОДБРАНА: Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија, Тодор ТОДОРОВСКИ – Политехника Јаши, Романија, Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија, Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција, Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати, Русија, Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска, Стефан АШКОВСКИ – Алашкерт, Ерменија, Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова, Романија , Дарко ВЕЛКОВСКИ – Динамо Букурешт, Романија;

СРЕДЕН РЕД: Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција, Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска, Агон ЕЛЕЗИ – Бохум, Германија, Давид БАБУНСКИ – Мезекевешд, Унгарија, Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице, Полска, Давор ЗДРАВКОВСКИ – Медервел, Шкотска, Елиф ЕЛМАС – Лајпциг, Германија;

НАПАД: Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска, Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905, Чешка , Дарко ЧУРЛИНОВ – Шалке 04, Германија , Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук, Хрватска, Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска, Ердон ДАЦИ – Беверен, Белгија, Лирим ЌАМИЛИ – Хвидовре, Данска;

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:

„Со нетрпение го очекуваме новиот собир по подолга пауза од последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Во Турција ќе патуваат 28 фудбалери. Сметам дека нема причина за некои поголеми промени. Остануваме со верба во играчите кои ги одиграа последните квалификации, со тоа што за прв пат го повикавме Лирим Ќамили од дански Хвидовре. Се работи за офанзивен фудбалер кој има континуитет на добри игри во својот клуб и сакаме да го видиме во репрезентативната средина“.

„Натпреварите против Молдавија и Црна Гора ни се многу важни во подготовките за следните квалификации, со посебен акцент на зајакнување на добрата атмосфера и заедништво. Треба да бидеме подготвени и полни со мотив, иако се работи за пријателски натпревари. На тренинзите и натпреварите треба да влеземе сериозно, одговорно и цврсто. Тоа ќе го барам од сите во тимот. Фокусот ќе биде на тактичките замисли и како треба да изгледаме во Лигата на нации, а тоа значи игра во која ќе бидеме рационални, паметни, агресивни, компактни и фокусирани“.

Слични содржини