252
Машката ракометна репрезентација на Македонија загуби вечерва на гостувањето кај Романија со резултат од 27-32 (16-15)
Овој меч игран в Браила е првиот од двата контролни натпревари против истиот противник кој ги играме во рамки на ЕХФ неделата.
Македонската репрезентација, која допатува во Браила без неколкумина стандардни репрезентативци, имаше водство на полувреме, но домаќините со резултатски пресврт во вториот дел на крајот забележаа победа од пет голови разлика.
Вториот натпревар, исто така во Браила е закажан за утре.
Македонските ракометари со пресметките проитв романската селекција воедно ги стартуваат завршните подготовки за мајскиот бараж против Фарските острови за пласман на Мундијалот 2025